Барбара, макеата на познатата водителка Опра, откри шокантни детали од животот на Опра.
Во ексклузивното интервју, маќеата на најславната личност на ТВ екраните, прв пат прозборе за нејзиниот живот и маките низ кои минува поради Опра.
Таа тврди дека токму таа имала клучна улога во распаѓањето на нејзиниот брак и открила дека Опра и наредила што поскоро да се исели од куќата во која тие две живееле.
Ми се јави за мојот роденден и ми се закани веднаш да ја напуштам куќата во која живеев 14 години со нејзиниот татко. Изгубив се, не е тоа само куќа. Тоа беше мојот дом, сите мои спомени беа таму, изјавила Барбара во трогателното интервју.
Не знам со што ја налутив толку за така да се однесува со мене и да ме исфрли на улица без никакви чувства. Но тоа е Опра, и судија и порота. Мислам дека проблемот беше во тоа што и се обраќав како да е нормална личност. Не го сакаше тоа. Таа членовите на семејството ги доживува како послуга и го користи богатството за да контролира се околу себе, тврди Барбата и истакнала дека сликата со која Опра се претставува во јавноста е целосно поинаква од онаа вистинската.
Таа е всушност една многу несреќна личност, вели маќеата која раскажала дека Опра ја купила куќата во која живеела со нејзиниот сопруг, и дека тоа не било подарок за нив, туку начин на кој го градела царството.
Сопругот еднаш ми кажа дека ако некој некогаш нешто ти подари, тоа не значи дека те сака, мислејќи на Опра. Таа се мора да контролира. Се мора да биде по нејзино. Не е точна сликата која ја создава во јавноста дека е многу великодушна личност која им помага на сите. Од некои луѓе едноставно не може да го истерате менталитетот на гетото, вели Барбата, додавајќи дека и автомобилот кој го возел нејзиниот поранешен сопруг, исто така бил на името на Опра.
Лесно е човек да се навикне на богатството кое го има таа, но сепак не може да се купи се со пари, вели таа.
Барбара и Вернон виделе само четири од осумте имоти кои ги има Опра, но ниту во една куќа, освен онаа на Фишер Ајланд не смеат да престојуваат. Опра секогаш ги сместувала во хотели кога ќе и дошле на посета, а кога таа доаѓала кај нив, приговарала за постелнината која Барбара ја имала и шолјите за кафе кои не и се допаѓале.
Еднаш дојдовме во посета во Чикаго, и преку интефон во куќата почна да вика: Црнчиштата дојдоа. Кажуваше дека се шегува, но секогаш ни покажуваше каде ни е местото. Персоналот го отпушташе преку некого, никогаш сама не им кажуваше и не даваше објаснување. Само кажуваше: Отпушти го тој и тој, раскажала Барбара.
Дали тоа што нејзината маќеа го кажува е точно останува дилема, со оглед на тоа што Опра имала доста тежок живот каде семејството постојано ја измачувало.