Американските старлети Амбер Роуз и Блек Чајн покрај тоа што ги поврзува цврстото пријателство, заедничко им е тоа што и двете го делат чувството за авантура.
Така, тие беа сликани од папараците на улиците на Лос Анџелес, кога девојките на мотори отидоа на ручек во еден популарен ресторан.
Облечени во тесна облека и со кациги на главите, Амбер и Блек го привекоа вниманието на околните поминувачи.
Инаку, двете старлети имаат слични естетски критериуми кога е изгледот на женското тело во прашање. И двете имаат бујни облини и многу тетоважи и пирсинг по телото.
Но, двете пријателки ги поврзува уште една работа. И Амбер и Белк водат специфична војна на социјалните мрежи со семејството Кардашијан- Џенер. Амбер, како поранешна девојка на Канје Вест, нема пофални зборови за неговата сегашна сопруга Ким, додека Блек Чајн, поранешна девојка на раперот Тиг, ја напаѓа Кајли, најмладиот член на семејството Џенер.