Актерката ги изненади сите присутни на црвениот тепих кога се појави во целосно проѕирен фустан кој откри многу.
Убавата оскаровка Натали Портман дефинитивно знае како да биде во центарот на вниманието на црвениот тепих пред толпата фотографи! На презентацијата на своето режисерско деби во Кан, 33-годишната актерка се појави во црн, елегантен фустан, кој, меѓу другото, беше и проѕирен.
Кога Натали го свртела грбот на фотографите, им даде вистинско доживување- фустанот ги откри нејзините гаќи. По презентацијата на филмот, светските медиуми се распишуваа за нејзиниот фустан, а Натали секако и со овој потег собра дополнителен публицитет за својот филм.