Онаа со тетоважата

Многу луѓе имаат предрасуди кон тетоважите, а особено кон жените кои ја живеат оваа уметност.Во продолжение погледнете 12 нешта, кои ќе ги разберат смао девојките со тетоважи.

Познати ли ви се овие стереотипи?

1. Кога ќе видат дека имате тетоважа, непознати странци ви лепат етикети како: панкерка, хипстерка, проблематична, сигурно има разведени родители … и тоа,  само на основа на тетоважата.

2. Луѓето мислат дека сосема е во ред да ве прашаат дали имате некоја тетоважа и на интимно место.

3. Ви рекле неколку пати дека ќе изгледате грдо во венчаница така истетовирани.

4. Мислат дека сте силна и бесчувствителна девојка.

5. Тату мајсторите ви нагласувале повеќе пато дека ќе ве боли.

6. Кога ќе влезете во салон за тетовирање ќе ви биде понудено да истетовирате слатки пеперутки.

7. Сте слушнале дека мажите не сакаат жени со тетоважи.

8. Луѓето се нервираат ако не сакате да зборувате за значењето на вашите тетоважи.

9. Ако имате тетоважа на странски јазик, луѓето мислат дека не значи ништо.

10. Сите ви велат дека за неколку години ќе ја мразите тетоважата и ќе сакате да ја отстраните.

11. Луѓето ве прашуваат како ќе ви изгледа тетоважата кога ќе остарете.

12. Ви кажале дека тетоважата ќе ви изгледа одвратно ако се здебелите или останете бремени.

- Реклама -