Она кога се викаш Исис

Девојката која се вика Ајсис Анчали (Isis Anchalee) неодамна се соочи со блокиран профил на Facebook, а причината е нејзиното име. Таа веднаш реагирала за да се исправи грешката и да си го добие профилот назад.

isisime

„Facebook мисли дека сум терорист. Очигледно тоа што им пратив слика од мојот пасош, не беше доволно за повторно да ми го активираат профилот“ – објави младата инженерка на Twitter.

Се разбира, причината за таквата реакција од социјалната мрежа е нејзиното име, кое е исто како и на озогласената терористичка организација ИСИС.

isis1

За да си го врати профилот, таа постојано им пишувала на официјалниот Facebook профил на Twitter, за на крајот да сфатат дека ја кажува вистината и да и го вратат профилот.

Прочитајте и:  Корисниците пријавуваат дека не може да праќаат и примаат пораки на Инстаграм и Фејсбук

Освен стандардните случаи на блок од социјалните мрежи поради лажен профил, постојат и случаи во кои биле суспендирани и оние што го користеле своето вистинско име, но биле блокирани бидејќи му биле сомнителни на администраторот. Оние кои не докажуваат дека тоа е нивното вистинско име, добиваат трајно блокирани профили.

Еден вработен во Facebook, на Twitter и одговори на Ајсис извинувајќи и се за грешката, додавајќи дека конечно и го вратиле профилот.

- Реклама -