Актерката Оливија Вајлд, глуми покрај Лиам Нилсон како една од главните улоги во претстојниот филм „Трето лице“, а за потребите на филмот, таа целосно се соблече.
Оливија моментално е во деветтиот месец од бременоста, а пред да забремени го сними овој филм.
Филмот следи три љубовни приказни кои се одвиваат во Париз, Рим и Њујорк, а Оливија и Лиам го играат парот од Франција.
Откако ликот на Нилсон ја напушта својата сопруга, која ја игра Ким Бесичџер, се впушта во љубовна врска со Оливија, и заедно имаат и неколку провокативни сцени, во кои актерката е целосно гола.
Во филмот играат и Џејмс Франко и Мила Кунис, но ни импресивната актерска екипа не придонесоа за позитивни критики за овој филм.
Поточно, откако дебитираше на фестивалот во Торонто, критичарите буквално го „погребаа“, и веројатно нема да ја види премиерата во САД, што го објаснува фактот дека трејлерот е на јапоснки јазик.