Оливија Вајлд: Ева носи високи потпетици и за во перална

Иако бремената актерка Оливија Вајлд е огромен фан на  модниот стил на својата колешка Ева Лонгорија, самата таа се облекува одлично. Ѕвездата од филмот “Rush” е голем фан на  женствениот стил на  Ева , како и на  нејзините високи  потпетици. Но,  за себе признава дека категорично ја претпочита удобноста.


„Ева Лонгорија секогаш изгледа божествено совршена. Јас не можам да замислам  постојано да одам на високо, а таа оди на високи чевли дури до пералната.Дел од природата ми е во мојот изглед да има нешто неуредно “, коментира Вајлд во интервју за списанието” Lucky “.

 

- Реклама -