„Огромни се, морав да купувам во продавници за проститутки“

Убавата актерка „без влакна на јазикот“ зборува за проблемите кои ги имала со- бујните гради.
Софија Вергара, за многумина најсекси жена на светот, отворено зборува за необичниот проблем која ја мачел некое време. Поточно, поради големите гради морала да купува долна облека, односно, градници во продавници за стриптизети и проститутки.

Screenshot_2

„Моите гради се навистина огромни! Целиот живот купувањето на градници ми е вистински кошмар. Кога се преселив во Лос Анџелес, наоѓав продавници кои продаваа градници за стриптизети и проститутки. Знаете на што мислам, ситни девојки со бујни гради“, објаснила 42-годишната актерка.

Screenshot_3

Иако многу жени ширум светот ѝ завидуваат на раскошните облини, Софија признава дека не секогаш е толку забавно.

Screenshot_4

„Верувајте ми, многу често жалам што немам вештачки гради. Кога ќе легнам, тие целосно се спуштаат, целосно! Тоа воопшто не е забавно“, се пожалила Софија во интерву за Vanity Fair.

Screenshot_5

И славните мака мачат со своите проблеми, иако многумина би се сложиле дека проблемите на Софија се само- слатки маки.

- Реклама -