Дека децата на славните родители не секогаш растат во благосостојба како што многумина мислат, докажува и неодамнешната изјава на ќерката на покојниот Курт Кобејн.
Френсис Бин Кобејн зборува за своите чувства во врска со починатиот татко и неговиот поранешен бенд.
22-годишната Френсис изјавила дека не ја сака музиката на својот покоен татко, згора на тоа, открила и дека ја мрази групата Нирвана. Нејзиниот избор за групи се Mercury Rev, Oasis и Brian Jonestown Massacre.
Френсис за својот покоен татко се обраќа во прво име, а песната „Dumb“ ја издвоила како разголена верзија на перцепцијата на Курт за себе, неговата борба со дрогата и неможноста да стане гласот на една цела генерација. Нагласила и дека секогаш плаче кога ја слуша таа песна.
Ќерката на Курт е огорчена поради неговото самоубиство.
„Разбирам дека неговата музика инспирирала многумина, но без тоа тој би бил само обичен млад човек кој го напушил своето семејство на најлош можен начин“.