Младиот тим научници од Fysikshow, Данска, одлучи Рубенсовата цевка да ја подигне на едно сосема ново ниво, а за тоа беа најмногу заслужни направените 2500 дупки при изградбата на две-димензионалната Пиро-табла (Pyro Board) . Звучните бранови се пренесуваат преку запалив гас креирајќи наизменично зони со висок и низок притисок. Овој механизам создава неверојатна пламена шема која се менува во зависност од ритамот на песните, а резултатот е неверојатен.
Совет: Најинтересниот дел започнува на 3:40 секунди.