По две години, ги потпишаа документите за развод.
Хајди Клум и Сил официјално се разведени по две години. Позната убавица поднела барање за развод во април 2012 година. Година, и два месеца подоцна објавија дека на нивната љубов им дошла крај.
Хајди и Сил беа во врска од 2004 година, а се венчаа една година подоцна. За време на шестгодишниот брак добиле три деца, шестгодишниот Хенри, петгодишниот Јохан и тригодишната Лоу, а Сил ја присвоил и најстарата ќерка на Хајди, седумгодишната Лени, која манекенката ја добила од претходната врска со италијанскиот бизнисмен Флавио Бријаторе, пишува Yahoo.