Погледнете го трејлерот за научно фантастичната драма „Gravity“ во која главните улоги ги имаат Сандра Булок и Џорџ Клуни. Филмот е во режија на Алфонсо Куарон, а ќе почне со прикажување на 4 октомври.
Астронаути ќе останат заглавени во вселената откако нивниот спејс шатл ќе доживее несреќа оставајќи ги сами во орбитата. Тие на сите начини ќе се обидат да се вратат на Земјата…