Бен Афлек по секоја цена сака да ги заштити своите деца. И порачува: „Моите деца не се славни, оставете ги на мира!“
Познатиот актер знае како работат папараците, но кога се во прашање неговите деца не може да поднесе и прифати да некој ги следи неговите деца и да ги фотографира.
Во новото интервју за Плејбој, Афлек открива што мисли за да се биде секогаш во центарот на вниманието, и тој призна дека е во ред него да го следат папараците наоколу, но не е во ред возрасни луѓе ги следат неговите три мали деца- Виолет, 8 години, Серафин, 4 години и Семјуел, 1 година,- и неговата сопруга Џенифер.
„Можете да кажете што сакате за мене. Можете да ме пратите со видео камера. Можете да ме следите насекаде и да ме фотографирате колку што сакате. Не ме интересира тоа. Но одвратно и погрешно е да ги следите моите деца наоколу, да ги фотографирате и да ги продавате истите за пари“, изјавил актерот за Плејбој. „Децата не се чуствуваат безбедно.“
„Моите деца не се познати и славни, и моја должност е да ги заштитам од тоа. Се трудам максимално. Но трагично е кога луѓето гледаат фотографии од деца на познати личности и мислат дека тоа е слатко“, дополнува Афлек.