Бидете искрени, опуштете се, и почнете.
„Разбудете“ ја досетливоста па дури може и малку да се насмеете со овој тест.
1. Што ставате во тостерот?
Доколку одговоривте со „тост“, не продолжувајте со тестот, правете нешто друго… И внимавајте да не се повредите.
Одговорот е леб.
Ако вашиот одговор е „леб“, продолжете на второто прашање.
2. На англиски јазик, „свила“ се вели „silk“. Изговорете го овој збор пет пати. Кога тоа ќе го направите, спелувајте го (ес-ај-ел-кеј). Како на англиски јазик гласи зборот за она што пијат кравите?
Одговорот е вода.
Кравите пијат вода. Ни даваат млеко, но пијат вода.
Ако вашиот одговор е „млеко“, вие сте под голем стрес, продолжете со тестот подоцна. Читајте нешто порелаксирано, што доликува на личност чиј мозок е оптоварен, и тоа за сега ќе ви биде доволно.
Ако вашиот одговор е „вода“, продолжете на третото прашање.
3. Без калкулатор одговорете на следоното прашање:
Возите автобус од Лондон до Милфор Хевен во Велс. 17 луѓе влегле во автобусот во Лондон.
Во Ридинг, шестмина излегле а деветмина влегле во автобусот.
Во Свиндон, двајца излегле а четворица влегле во автобусот.
Во Кардиф, 11 луѓе излегле а 16 влегле.
Во Свензи, тројца излегле а петмина влегле во автобусот.
Во Кармартен, 6 луѓе излегле а тројца влегле во автобусот.
Стигнувате во Милфорд Хевен.
Не гледајте во одговорот на ова прашање, туку прво кажете, колку е стар возачот на автобусот?
Па, дали е можно? Дали вие навистина не знаете колку години имате?
Вие сте возачот на автобусот!