Второто кралско бебе пристигнува- многу наскоро!
Принцот Џорџ ќе стане постар брат многу наскоро! Кејт Мидлтон открила дека бебето на свет треба да дојде во втората половина на април.
Војвотката од Кембриџ оваа вест ја споделила со волонтерите во Брукхил детскиот центар, но не сакала да им открие дали ќе биде уште еден принц или пак принцеза.
Се шпекулира дек Кејт и Вилијам очекуваат девојче, а наводно веќе одбрале и име.
Размислувале за некое традиционално име како Мери или Елизабета, но на крај се одлучиле за име кое за нив има посебно значење.
Кејт изрази желба девојчето да се вика Дијана за да го потсетува принцот Вилијам на неговата покојна мајка.