Од уличен забавувач до оскаровец

Секој голем актер има скромен почеток, па ниту Робин Вилијамс не е исклучок. Имено, деновиве на интернет мрежите се прошири негова фотографија снимена во далечната 1979 година, на која се гледа како тој ги забавува минувачите на улиците низ Њујорк.

Рајан Хаут, студент од Охајо, на својот Твитер профил ја објави сликата која ја направила неговата тетка, а славниот актер јавно се заблагодари на младото момче за изненадниот времеплов.

Вилијамс за прв пат својата слава ја стекна во 1982 година, кога го сними серијалот „Морк и Минди“, а сега неговата кариера ја красат преку 70 филмови и награда Оскар.

414526_robin-vilijams_ff (1)

- Реклама -