Американската пејачка во моментов настапува на промоцијата на албумот „Artpop”, а честопати тврди дека има повеќе енергија од било кога.
Сепак и неа ја совлада заморот, а тоа го сподели со своите фанови на социјалните мрежи преку фотографија.
Уште во саботата вечерта, го носела својот екстравагантен костим додека настапувала пред публиката во Лас Вегас, а само 24 часа подоцна, Лејди Гага се фотографирала во сосема поинакво издание.
На сликата, Гага е без шминка, со подочници и чаша вино во раката. Нејзината коса е врзана во опавче, додека челото и е украсено со цветен накит.
Судејќи по фотографијата, очигледно на ексцентричната пејачка и е потребен одмор.