Најпознатиот ерген на светот Џорџ Клуни конечно застана на „лудиот камен“, а сега сите се прашуваат дали неговата потрага по вистинската жена успешно е завршена.
Иако не присуствувала на венчавката во Венеција, неговата блиска пријателка Џулија Робертс мисли дека Клуни го направил вистинскиот избор.
На прашањето дали помалку се дружи со својот познат колега, Џулија одговори дека тоа не е точно.
„ Сосема спротивното, се слушнавме неколку пати, откако е во брак“, изјави таа.
Со оглед на тоа што и Џулија е во одличен и втор брак, се очекува дека ќе има некој совет за тазе венчаниот пријател.
„ Немам никаков совет за него, бидејќи не е потребен совет, кога крај себе ја имаш вистинската личност“, заклучи Џулија.