Облекла вреќа или фустан?

Комотните и пошироките фустани се во мода, но ова што го облекла актерката повеќе наликува на вреќа.

35-годишната актерка Мишел Родригез се појави на свеченоста што беше приредена во чест на нејзиниот колега од „Брзи и бесни“, Вин Дизел кој доби ѕвезда на Патеката на славните во Калифорнија. Освен што за дневен настан се одлучи за вечерен фустан, малку претерала со желбата за комоција. Таа изгледаше пренмгу ситна во преголемиот фустан. Освен што и се влечеше долу и ракавите и беа премногу долги, па одвај делеше автограми.

- Реклама -