Galen Center во Лос Анџелес по 26. пат ги собра најголемите детски ѕвезди, а меѓу нив беа и пејачките Кејти Пери и Ферги, актерките Селена Гомез, Џесика Алба и Кирстен Стјуарт.
По сезоната на црвените килими кои владееја во изминатите два месеци, ѕвездите се подготвија и решија да се одморат за да соберат енергија. Токму „Kids Choice Awards“ го прекинаа одморот во Холивуд и ги вратија познатите дами на виолетовиот килим.
Со оглед на пригодата, ѕвездите се одлучија за фустани и комбинации во повесели бои во кои изгледаа како девојчиња.