Објавено името на малиот принц: Ќе се вика…

Откако пред два дена му беше претставен на светот, синот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон доби и име.

Веста е објавена три дена откако дојде на свет и тоа со официјално соопштение од Кесингтонската палата. Принцот од Кембриџ ќе се вика Џорџ Александар Луис.

Untitled-115-620x400

Принц Џорџ е трет по ред за британскиот престол, а кога ќе стане крал најмалку за 50 години официјалната титула ќе му биде крал Џорџ VII.

„Војводата и војвотката од Кембриџ се пресреќни што може да објават дека го крстија синот Џорџ Александар Луис. Официјалната титула му е Неговото височество принцот Џорџ од Кембриџ“, стои во соопштението.

article-2374931-1AF5807D000005DC-421_964x654

Sky News тврди дека името има симболика: Џорџ се викал таткото на британскиот крал Џорџ VI кој починал во 1952 година. Се смета дека името Луис е посветено на Лорд Луис Маунтбатен, вујко на принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета II. Лорд Луис бил многу близок со принцот Чарлс. Името Александар се однесува на кралицата Елизаебта чие средно име е Александра.

Двојката релативно брзо го објави името на детето во однос на претходните кралски бебиња. На пример, името на Вилијам е откриено една недела по раѓањето, додека на името на неговиот татко Чарлс се чекало еден месец.

article-2374931-1AF57FAF000005DC-265_964x1171

- Реклама -