Венчавката на холивудкиот заводник Џорџ Клуни и адвокатката Амал Аламудин буквално беше главна вест во светот минатата седмица.
Сите зборуваа за романтичноста на Италија, нивната веселост, невестинскиот фустан…
Она што најдолго го очекувавме беа фотографиите.
Конечно, истите ги објавија повеќе познати списанија како „Vanity Fair“, „People“ и „Hello!“, па сите обожаватели на парот можат да го задоволат своето љубопитство и да ѕирнат како течеше свадбата за која сè уште многу се зборува.