Објавени делови од правилниците на “Исламска држава”

Терористичката организација “Исламска држава” (ИД) го користи принципот на вистинско државно управување за да дистрибуира воен плен и природни ресурси.

id

Ова го јавува Reuters. ИД располага со министерства, во кои има хиерархија меѓу службениците и издава закони во форма на верски едикти (фатва).

Оваа структура е опишана во детали во тајни документи кои биле стекнати од американските специјални служби за време на операцијата во Сирија во месец мај, при што командосите го убија “министерот за финансии” на организацијата Абу Сајаф.

Со слични владини инструменти, терористите управуваат големи делови од Сирија, Ирак и други области.

Тие имаат дури и  “воен плен”, вклучувајќи ги и робовите и правила за секс со робинките, како на пример дека татко и син не смеат да имаат секс со иста робинка. Ако повеќе мажи имаат сопственост врз иста жена, со неа никој не смее да има односи бидејќи се смета за заедничка сопственост.

Документите откриваат и методично и организирано управување на гасниот сектор.

 

- Реклама -