На скопската Клиника за гинекологија и акушерство била донесена родилка пред породување, на која придружниците ѝ донеле и храна.
Како што пријавила медицинска сестра од ГАК во МВР, познаниците на родилката ѝ оставиле храна, меѓу што и еден сендвич во кој имало четири сини таблетки со непознато потекло.
Според полицијата, вчера во 22:00 часот од страна на медицинска сестра пријавено е дека на Клиниката, каде била примена родилка со породилни болки, дошле три машки лица – нејзини познаници, кои ѝ донеле храна, а во сендвичот вработените пронашле четири големи таблети сина боја.
Полицијата презема мерки за да се расчисти овој случај, како и да се дознае за какви таблети се работи и што тие може да предизвикаат кај бремена жена.