Нурни се во пролетта со цветни фустани

Ништо подобро не ја опишува пролетта како букет шарено цвеќе – на твојата облека.

Иако некои го сметаат за кич, дигиталниот принт со цвеќиња веќе неколку сезони е во мода, а сега кога стилот од 90-тите е во тренд, цвеќето го пронајде својот пат и до срцето на оние кои инаку не го преферираат.

CvjetnaBomberJakna1

Овој принт истовремено е кул и женствен, а иако на прв поглед делува комплицирано, лесно може да се искомбинира па дури и со други принтови.

vogue

Ти се допаѓа цветниот тренд, но се плашиш од храбри комбинации. Играј на сигурно:

1. Купи само едно цветно парче гардероба и тоа некое кое беспрекорно ти стои

2. Комбинирај го со едноставни парчиња како бела кошула, сива памучна маица, фармерки или еднобојно здолниште

CvjetnaZiherasica

3. Додај впечатливи детали во една од боите што се наоѓаат на цветното парче. Тоа може да бидат црвени чевли или зелена чанта, жолто ланче…

CvjetniKombinezon003

 

free-shipping-2013-fashion-elegant-two-piece-suit-women-jackets-pants-silk-digital-printed-jumpsuits-lady

- Реклама -