Американската телевизиска мрежа NBC го повлече од програма шоуто „Ready For Love“ по само две епизоди. Причината е лошата гледаност која покажа дека Ева Лонгорија не се снаоѓа добро во улогата на продуцент.
Првата епизода на шоуто „Ready For Love“ привлече 3.8 милиони гледачи, што според американските мерила е малку. Гледаноста на втората епизода била помала за 13 проценти.
Емисијата прикажуваше тројца млади момчиња во потрага по девојки, а ја водеа Бил и Џулијана Ренсик. Во нејзиниот термин сега се емитува серијата „Grimm“.
http://youtu.be/oDd40ARdG8U