Новоизбраните градоначалници седнаа во кабинетите

Новоизбраните градоначалници, кои мандат добија уште во првиот изборен круг, веќе ги преземаат кабинетите од своите претходници.

Така, денес претходниот градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски му го предаде кабинетот на новоизбраниот Петре Шилегов. Притоа, Шилегов изјави дека презема обврска да работи во интерес на сите граѓани.

Во новиот кабинет влезе и градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, кој вчера се збогуваше со соработниците и колегите од ПОЦ, за денес, заедно со советниците, да се посвети на подобар живот во општината.

Градоначалничката на Битола Наташа Петровска од својот претходник беше пречекана со црвен тепих и цвеќе.

Новиот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, го прогласи секој четврток за отворен ден на општината за средба со граѓаните.

Во изминатите денови во повеќе општини влегоа и новите општински совети, но и градоначалниците.

Во сабота во 00:00 часот започнува предизборниот молк за вториот изборен круг, којшто ќе трае до 19 часот на денот на изборите.

- Реклама -