Популарниот белградски хип-хоп состав „Bad Copy“ сними видео за посната „Еси ми добар“ во кое храбро се шегуваат на сметка на бројни познати личности од регионот.
Иако претходните години тие веќе ја навикнаа публиката да го очекува и неочекуваното, сепак, уште еднаш, Ајс Нигрутин, Скај Виклер и Тимбе успеаја да го привлечат вниманието на јавноста.
Во интересните кадри на новиот спот се испреплетени деца со оружје, луѓе во униформи, додека по ѕидовите се отсликани мурали на Милошевиќ, Вучиќ, Цеца, Дачиќ итн.
Песната „Еси ми добар“ се наоѓа на нивниот последен албум „Кригла“, а ова видео за само два дена собра околу 100.000 прегледи.
[youtube]http://youtu.be/5OVY7MmSSYs[/youtube]