Излегоа и најновите постери за „Hangover III“ на режисерот Тод Филипс. Иако во продолжението нема да гледаме нечие венчање или пак ергенска вечер, сепак, со сигурност можеме да очекуваме дека ниту третиот дел нема да потфрли. Поголемиот дел од актерската постава останува иста, а за целосниот увид во новата приказна од Лас Вегас ќе мораме да се стрпиме до 24 мај, за кога е и закажана премиерата. Во меѓувреме ни останува да се задоволиме со постерите кои делумо ни наговестуваат уште една урнебесно смешна комедија.