Откако во јавноста се појавија мејлови од „Сони“ корпорацијата, на тапет се најде Анџелина Џоли, и тоа по втор пат.
Да се успее во Холивуд не е едноставно, а големите корпорации вложуваат голем број средства во нови филмови и актери и очекуваат дека влогот ќе им се исплати. Во низата мејлови што се појавија во јавноста, на мета се најде Анџелина Џоли.
Омилената актерка на денешницата која сега води успешна кариера како режисерка, во новите електронски писма е наречена сосема луда- и тоа од страна на продуцентот Скот Рудин. Изгледа дека Џоли му рекла на Рудин и главните на Сони студиото кое го води Еми Паскал дека сака да снима нова верзија на Клеопатра. Тоа нормално значи и многу пари, а освен што сметаа дека таа сосмема „забегала со паметот“, сакале Џоли да го превземе снимањето на новиот филм, втемелен на Шекспировата драма на класичната трагедија за Клеопатра и Антони.
Веста пристигна неколку дена откако Паскал ја нарече актерката „Разгалена и неталентирана“.