Нови детали за животот на кралот

Телохранителите на починатиот Мајкл Џексон го опишуваат како „многу ексцентричен”.Професионалните чувари Џејвен Биард и Бил Витфилд биле вработени, за да го чуваат  кралот на поп музиката, две и пол години пред крајот на неговиот живот во 2009 година.

Тие откриваат дека Мајкл често трошел многу пари за глупости.

„Тој беше многу ексцентричен.  Ќе отидеше во продавница и ќекупеше сè. Кога престојуваше во хотел, купуваше стотици книги. Еднаш откупи цела книжарница”, раскажува Бил, кој е поранешен полицаец за британскиот весник “Мирор”.

Мајкл остави три деца без татко – Парис на 16 години, Принс на 17  и Бланкет на 12 години.  Бил вели дека пејачот бил многу близок со своите деца.

„Работевме за г-дин Џексон. Не сме работеле за кралот на поп музиката. Ние го гледавме како маж и татко. Беше убаво да го гледаме во улога на родител. Им помагаше на децата со домашните, сакаше тие да се хранат правилно, ги оставаше да си легнат. Во куќата немаше интернет. Децата не можеа да гледаат телевизија, затоа не знаеја како е претставен нивниот татко во медиумите “, се сеќава Џевејн.

Мајкл Џексон почина на 50-годишна возраст од предозирање со пропофол. Неговиот лекар, Конрад Мареј е осуден на неколку години затвор. Судот го прогласи лекарот за виновен, бидејќи му дал фатална доза  на пејачот.

Обезбедувањето  на кралот  открива уште детали од својата работа за ѕвездата во книгата? “Сеќавајќи  се на времето времето: Мајкл Џексон во последните негови денови”.

- Реклама -