Новата девојка на Роберт Патинсон е жртва на расизам на Твитер

Откако Роберт Патинсон и Талија Барнет на почетокот на месецов објавија дека се во врска, младата британска пејачка се соочува со сериозна омраза на Твитер.

 

– Генерално сум шокирана и згрозена од количината на расизам кој го зарази мојот Твитер профил минатата недела- напишала Талија.

Пејачката, која е позната под псевдонимот FKA twigs, додала:

– Расизмот е неприфатлив во реалниот живот, а исто така и на интернет.

 

Како што пренесуваат странските портали, бројни корисници на Твитер, незадоволни од изборот на Патинсон, оставале навредливи коментари на профилот на пејачката, најчесто споредувајќи ја со мајмун.
Расистичките коментари на Талија не се непозната работа, а тоа го посведочила во едно претходно интервју.

– Никогаш не видов ништо чудно во тоа како изгледам, другите луѓе тоа најчесто ми го збореле. Без оглед дали имате поинаква боја на кожа или црти на лицето, луѓето ќе коментираат- рекла пејачката.

- Реклама -