Џастин Бибер има нова девојка! Младата поп ѕвезда беше поврзана со многу убавици после раскинувањето со Селена Гомез, а сега станува збор за 20-годишната бринета Ешли Мур која работи како манекенка.
Џастин вчера беше фотографиран како е излезен на ручек во Беверли Хилс заедно со моделот кој рекламира долен веш. На заминување од ресторанот, Џастин го сопре Ферарито да и подаде пари на една бездомничка која случајно стоеше покрај патот.