Мачорот кој во костим на ајкула се вози на бежична правосмукалка има нов хит.
Откако во ноември, минатата година „”CatShark” Max-Arthur, се прослави со видеото со кое во истата облека, на истото превозно средство „лови“ патка, сега е во нова многу поедноставна авантура.
Во знак на одбележување на седмицата на ајкулата, овој пат, само ја чисти кујната, а за пет дена видеото има нешто повеќе од три ипол милиони прегледи на Youtube.
Дали ви се и вам вакви нешта невидено смешни?