Нов лик во Two & A Half Men: Изгубената ќерка на Чарли

Следната сезона на Two & A Half Men повеќе ќе наликува на Two Guys And A Girl.

Во 11-сезона на популарната телевизиска серија ќе се појави нов лик – изгубената ќерка на Чарли Харпер (Чарли Шин).

Девојка во 20-тите години  ќе се појави на прагот на куќата на Волден Шмит (Ештон Кучер). Всушност ќе се утврди дека тоа е ќерката на минатиот сопственик на куќата, Чарли кој загина во 9-тата сезона. Останува да видиме дали куќата во Малибу ќе добие нов станар кој ќе живее со Волден и Алан (Џон Краер).

- Реклама -