Како да фатите едно цело деноноќие во Њујорк на само една фотографија? Одговорот ни го дава Стивен Вилкес, кој за неговата серија „Day to Night“ потрошил и по 15 часа стоејќи во една точка, сликајќи и по 1000 фотографии од секоја локација. Крајниот резултат е добиен со соединување на околу 50 различни фотографии кои одлично се преточуваат една во друга прикажувајќи ни ја оваа метропола од изгрејсонце до зајдисонце. Галеријата на Стивен сведочи за тоа зошто Њујорк е познат како градот кој никогаш не спие.