Холивудските актери Анџелина Џоли и Бред Пит пиеја чај со кралското семејство принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ Кејт.
Тоа се случило овој петок во замокот Кенсингтон, а според очевидците, Бранџелина имаат поминато неколку часа на гости кај кралското семејство.
„Повод за средбата беше едномесечниот роденден на принцезата Шарлот, а Бред и Анџелина донесоа подарок за малата, што многу и се допадна на династијата, откриваат лица запознаени со средбата.
Во исто време, неодамна се шпекулираше дека Анџелина и Бред ќе се разведуваат. Дали е навистина така, па сево ова е само едно дружење за пред очите на јавноста, двојката се уште не излегла со коментар на таа тема.
Прочитај повеќе: Бред Пит и Анџелина Џоли се разведуваат