Никол Шерцингер во секси и кожно црвено издание

Кожената облека никогаш не излегува од мода.Без разлика дали носите кожени панталони, кожен топ или кожено здолниште, нема начин да згрешите. Сексипилната Никол Шерцингер се појави на важна  вечера во Лондон со смел фустан која не открива премногу,  но доволно за да ги привлече погледите кон себе.

 

Учтиво црвеното издание  и  стоеше неверојатно на 35-годишната Никол која има неверојатен моден талент, а го демонстрира речиси секојдневно. Голем дел  од нејзините обожаватели, пак, тврдат дека ѕвездата во последно време премногу е ослабена  и загубила од својот сексапил.

 

Црвената кожена облека со должина до  колената ја нагласува нејзината извонредна  форма, а црните чевли со класичен модел, се многу соодветно решение за целокупниот изглед. Косата и беше врзана назад во конска опашка, која го откриваше нејзиното  лице. Кое е вашето мислење за визијата на Никол ?

- Реклама -