Австралиската актерка ги воодушеви сите на забавата што ја организираше Hollywood Foreign Press Association во хотелот Беверли Хилтон во Беверли Хилс. Но, освен со фустанот, таа ги изненади сите со згрчената насмевка.
Иако на почетокот на оваа година во интервју за италијанскиот весник La Repubblica нагласи дека се откажува од ботокс и дека отсега ќе биде природна, 46-годишната Никол Кидман очигледно не може без третмани за подмладување.
На забавата Никол се појави во прекрасен фустан со боја на смарагд од колекцијата на Нарциса Родригез со кој во прв план ги истакна градите. Но, сепак сите гледаа во нејзиното лице кое беше укочено додека Кидман се обидуваше да се насмее. Нејзините корекции очигледно дека земале данок. Со нејзиниот совршен тен таа изгледа како жива кукла.