Во својот прв ангажман во оваа година, Војвотката од Кембриџ навистина заблескала!
Во темно-син вечерен фустан на Џени Пакхам, чија цел ѝ била да ја покаже убавината на своите дијаманти, Кејт Мидлтон пристигнала на Портрет Гала 2014 во National Portrait Gallery во Лондон.
Кејт околу вратот носеше дијамантско ланче кое било позајмено од кралицата, и кое кралицата Елизабета го добила како свадбен поклон во 1947-ма година.
За време на приемот убавата војвотка се сретнала со одбрани гости, пред да присуствува на гала вечерата. На настанот се појавиле бројни познати личности, вклучувајќи го и легендарниот фотограф Дејвид Бајли, златната Олимпијка Кетрин Граинџер, актерот Алан Рикмен, уметникот Џонатан Јеоа и актерката Елизабет Харли.
Војвотката погледнала 200 мистериозни портрети- портрет разгледници кои биле тајно направени специјално за овој настан, а меѓу нив се наоѓа и нејзиниот портрет.
Разгледниците ќе се продаваат со цел да се соберат добротворни фондови.
Кејт одржала и краток говор: „Само сакам да кажам колку сум воодушевена што вечерва сум тука за заедно да ја прославиме одличната завршената работа на National Portrait галеријата“, изјавила. „Многу сум горда што сум покровител на галеријата. Ви благодарам што дојдовте и дадовте поддршка. Ви посакувам на сите прекрасна вечер“, со овие зборови Кејт го завршила својот говор.