Кон крајот на 80-те и почетокот на 90-те таа беше водечки модел во светот, а и денеска, во нејзината 44-та година од животот, таа изгледа како вистинска манекенка. На синоќешното доделување „Fashion Media Awards“ во Њујорк, Наоми Кемпбел покажа дека и понатаму го заслужува своето место во модата.
Новата кратка фризура и прилегаше одлично, а светкавиот, оскуден дводелен комплет составен од краток топ и мини сукња ниту за момент не и ја открија возраста. Напротив!
Во текот на манекенската кариера Наоми постигна се што можеше да се постигне во манекенството. Се наоѓаше на листата на топ три најплатени манекенки, на листата на најубави жени, на насловните страни на сите престижни списанија и во кампањите на водечките модни брендови.
Иако годините минуваат, Наоми вешто им пркоси, и ниту во лудило не би и дале 44 години.