Кога срцето бира, не се прашува ништо друго, но постојат луѓе кои ни во лудило не би можеле да замислите дека биле заедно!
Еве неколку такви љубовни двојки од светот на познатите.
Камерон Дијаз и Паф Диди
Ова е еден од оние парови за кои би рекле дека немаат ништо заедничко, но сепак, Камерон Дијаз и Паф Диди биле четири години во неофицијална врска.
Мајк Тајсон и Наоми Кембел
Кон крајот на 80-тите Мајк Тајсон беше во екот на славата, како млад боксер кој ги победува сите со кои ќе се најдеше во ринг. А, каде е славата таму се и парите, и како и обично, тука се и супермоделите. На врвот на популарноста Мајкк Тајсон бил во врска со Наоми Кембел. Но, романсата меѓу нив не траела бидејќи Наоми, наводно, го принудувала постојано да носи дизајнерска облека.
Шерон Стоун и Кристијан Слејтер
Откога во 2006-тата година беа актерски парнери во филмот „Боби“, Шерон Стоун и Кристијан Слејтер станале пари и во реалниот живот, но сосема кратко. Тие се имаат појавено заедно на неколку настани во Холивуд, но нивната врска никогаш не станала сериозна.
Фифти Сент и Челзи Хандлер
Комичарката и водителката Челзи Хендлер и раперот Фифти Сент се запознале кога тој гостувал во нејзината емисија во 2009 година. Двојката се забавувала неколку месеци и се разделиле во добри односи.
Кајли Миног и Лени Кравиц
Овој пар се забавувал во 90-тите години и е единствениот кој има смисла во оваа листа. Лени Кравиц и Кајли Миног се забавувале релативно кратко, токму кога Кајли ја раскинала врската со Мајкл Хаченс, сега покојниот пејач на INXS.
Вал Килмер и Шер
Звучи неверојатно, но Шер и Вал Килмер навистина биле заедно во далечната 1984 година. Се запознале на роденденска забава која ја организирала Шер за нејзината пријателка, актерката Мерил Стрип. Килмер, кој е 14 години помлад од Шер, тогаш бил релативно непознат актер, а во едно интервју пејачката се потсетила на врската и ја опишала како „интензивна и страсна.“
Џесика Симпсон и Бил Корган
Американската пејачка и актерка Џесика Симпсон и Бил Корган, фронтмен на групата Smashing Pumpkins, на прв поглед немаат ништо заедничко. Но, во светот на шоу-бизнисот, ваквите врски не се ништо ново. Кон крајот на 2009 година, Џесика и Бик се запознале кога музичарот правел саундтрак за една нејзина емисија. Кратко се забавувале, а Корган во едно интервју Џесика ја нарекол „искрена и добра девојка“.
Виона Рајдер и Дејвид Духовни
Приватниот живот на Дејвид Духовни во голема мера наликува на животот на Хенк Муди, ликот кој Духовни брилијантно го игра во серијата „Калифорникација“. Во далечната 1996 година, Духовни се состанувал со Виона Рајдер, која исто така е позната по бројните емотивни врски.
Рајан Гослин и Сандра Булок
Овој некогашен љубовен пар (Сандра е постара од Рајан дури 16 години) се запознале во 2002 година за време на снимањето на филмот „Убиство според броеви“ и се забавувале кратко по завршувањето на снимањето на филмот.