Ева Лонгорија (39) се појави минатата ноќ на холивудската премиера на филмот “Paycheck to Paycheck”.
Актерката се појави со прекрасно расположение, но и со новата фризура која одлично и одговара. Единственото нешто што можеше да ја расипе забавата беа претесните потпетици во кои Ева сепак „без мака“ одеше.
Иако е тешко да се даде одговор на прашањето кога Ева изгледала најдобро, бидејќи оваа холивудска ѕвезда секогаш изгледа добро, no ова нејзино последно појавување се заканува да го превземе водството.
Чевлите се добар избор, но не и најудобно решение.
Правилото дека шишките подмладуваат во случајот на Ева дефинитивно се потврдува, а атрактивната актерка не згрешила ни со изборот на облека.