Неговите стомачни мускули веќе станаа најпосакувани на Инстаграм, а сега повторно одлучи да ги покаже своите мускули на воодушевување на своите, воглавно женски, фанови.
Метју Луис неодамна позираше полугол за магазонот „Attitude”, а сега повторно ги почести обожавателите со секси фотографии од овој едиторијал.
Така не потсети на својата извонредна трансформација, откако за првпат се појави на екраните во 2001 година. Тогаш во филмот „Хари Потер“ го играше несмасниот Невлин Лонгботом, за кого никој не можеше да претпостави во каков убавец ќе порасне.
Скромниот Метју ги пренесе заслугите за оваа одлична слика на фотографот Џозеф Синклер.
Метју неодамна објави и една духовита монтажа на која се гледа чуден спој на неговата глава од детството, и телото кое го има сега. „Застрашувачки, напишал тој во описот.