Направено од 150.000 поединечни фотографии, „Slow Life“ на Даниел Стоупин е едно од најневеројатните подводни видеа кои ќе ги видите.
Му биле потребни речиси 9 месеци за да го заврши. Во опис на видеото Даниел напишал:
„Бавните морски животни го покажуваа својот таен живот под високо зголемување на објективот. Коралите и сунѓерите се многу мобилни суштества, но нивните движења се само забележливи во различни времески скали во споредба со нашите и бара време за да биде видливо… Да се направи овој краток клип направив 150.000 снимки.“
Ако сакате да дознаете повеќе за процесот на правење на видеото, Даниел има свој блог каде го објаснува подетално, а има и своја официјална страна Microworlds Photography.
Slow Life from Daniel Stoupin on Vimeo.