Наоми Гросман се здоби со светска популарност играјќи ја исклучиво грдата и ментално хендикепираната Пепер во американската хит серија „American horor story“.
Првиот пат кога публиката имаше прилика да ја види Наоми беше во втората сезона од оваа серија под насловот „Лудница“, каде глуми ментално хендикепирана жена која има „клемпави“ уши, криви заби и голем нос.
Овој месец во програма е пуштена четвртата сезона на „American horor story“, а актерката повторно се најде во истата улога.
Како што ликот на Пепер е многу реално прикажен, сите биле воодушевени кога виделе колкава убавица е актерката во реалниот живот.
– Никогаш толку не ми кажувале дека сум убава како сега. Можеби беше потребно да ја глумам најгрдата улога на телевизија, за луѓето да ме приметат. Сега можам да им кажувам на луѓето дека имам грда сестра близначка кога ќе ме видат во реалниот живот, или убава кога ќе ме видат кога сум маскирана како Пепер- вели актерката.