Сакате да додадете путер во храната, но знаете ли за што уште истиот може да ви биде од помош во домаќинството? Од негата на уморни стапала до спречување на модрици, примената е доста широка.
1. За сјај на кожата. За да го вратите сјајот на кожата, потребно е само да ставите питер на памучна крпа и да ја поминете површината.
2. „Замолчете“ го шкрипењето на вратата. Путерот е решение и за ова. Само премачкајте го делот.
3. Отстранете го лепакот и тврдокорните дамки од раката. Втријте путер на лепливата рака и отстранете ги тврдокорните дамки.
4. Лесно сечење на храната. Ножот премачкајте го со тенок слој путер и лесно ќе ја пресечете лепливата храна како карамела, пита или сирење.
5. Спречување на појавата на мувла. За да не се созадава мувла на пример на сиреето, можете краевите да ги премачкате со путер.
6. Отстранете го мирисот од риба. По подготовката на риба, намачкајте ги рацете со путер и отстранете го непријатниот мирис.
7. Чувајте го кромидот свеж. Нанесете малку путер на рабовите на кромидот, пред да го замотате во алуминиумска фолија и задржете ја неговата свежина.
8. Спречете ја водата да се прелее. Дпдадете мажица или две путер во садот со вода, за да спречите да се прелее.
9. Стапала. Измасирајте ги заморените стапала со масло и потоа замотајте ги во топол пешкир.
10. За нега на телото. Можете да го искористите путерот и за кршливите нокти, омекнување на кожата на рацете, па дури и за врвовите на косата.
11. Заглавен престен. Нанесете путер на прстот, па извадете го прстенот.
12. Спречете избивање на модриците. Измасирајте го со путер критичниот дел од телото веднаш по повредата.