Неверојатно: Бебе кое плива и нурка како професионалец

Ви текнува на малото едногодишно бебенце Елизабет која успеваше да го преплива целиот базен во еден здив на само 16 месеци? Епа, истото талентирано девојче, постојано напредува и значително брзо го развива својот талент, па така, сега со неполни три години успева да прави неверојатни подводни трикови. Иако многумина на почетокот се сомневаа во веродостојноста на видеата, сепак, тие се реални, и постојано се обновуваат нејзините подобрени вештини.

Сепак, ова не смеете во никој случај да се обидете и вие да го направите со вашите деца. Родителите на Елизабет се долгогодишни професионални инструктори по пливање, па така таа има постојано врвна грижа до себе која не може било кој да ја пружи.

[youtube]http://youtu.be/7jAiWXXhBdY [/youtube]

 

- Реклама -