Таа е номинирана за Оскар за нејзината извонредна улога во филмот “12 Years A Slave“.
И не само што Lupita Nyong’o е талентирана актерка, таа се појави како еден од најубавите и стилски млади ѕвезди.
30-годишната актерка го одзема здивот со нејзиниот изглед во низата фотографии направени за списанието DuJour за зимското издание од 2013 година.
Родена во Мексико, ѕвездата ја покажа својата тонирана фигура во серија пикантни но софистицирани костими.
Актерката со својата грациозност ја украси насловната на луксузното списание, наведувајќи дека е изненадена за тоа колку внимание таа добива. „Мојот живот се промени пред околу три недели. Тоа беше кога мојот распоред отиде од нула до ова“, изјавила актерката.