Мајонезот е еден од намирниците кои најмногу се користат во домаќинството, а истиот настанал на многу невообичаен начин. Како и за голем број обожувани светски производи, така и за овој заслужни се – Французите.
Според една приказна, мајонезот настанал во 1756. година и тоа благодарение на маршалот Ришелјеу. Имено, кога ја освоил тврдината Пор Маон на островот Минорки навлегол во главниот град Махон ( на француски Мајон). Неговиот кувар немал дрвја да запали оган, па му направил на својот господар топол сос.
Случајно му паднала една жолчка, па тој исплашено почнал да ја мати и така добил густа маса која ја прелеал со месо.
На маршалот толку многу му се допаднал овој специјалитет што веднаш по враќањето во Париз го лансирал на дворот на Луј XV и му го дал името мајонез, по градот во кој е прв пат случајно направен. Нормално после тоа се продолжило да се работи на вкусот.